Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека купува голема количина на млеко во прав бидејќи во Европа владее голема побарувачка за овој производ.

Тој вели дека ова го прави поради побарувањата на српските фабрики за чоколади и сладолед на кои млекото во прав им е основен продукт за производство.

Вчера натовариме 500 тони млеко во прав од вкупно 2000 тони.Млекото во прав е денеска како респираторите што беа, тешко е да се набави.Добивме барање од фабрика за сладолед бидејќи не можат да го најдат на пазарот за да производство на сладолед.