Однесувањето на грчкиот заменик министер за здравство, кое е во спротивност со законот за забрана за пушење, е фатен на камера при кршење токму на тој закон.

Објавена е фотографија од Министерот Полакис од 2016 година како пушти на прес-конференција. Но, оваа недела беа објавени слики со Полакис во дискотека и повторно е фатен со цигара.

„Срамота, срамота. Овој човек не знае ништо за здравјето“!, изјавил еврокомесарот Витенис Андриукаитис кој вчера престојуваше во Атина.

Тој притоа истакна дека забраната за пушење не е донесена без врска и оти на јавни места треба луѓето да дишат чист воздух.

„Го посетив Министерството за здравство и можам да ви кажам дека таму корнеше на цигари“, изјави Андриукаитис.

Грција, инаку, има највисок процент пушачи од членките на ЕУ. Дури 37 проценти од населението пушат, споредено со просекот во ЕУ кој изнесува 26.