Грчката опозициска Нова демократија сигурно води во анкетите пред европските избори во недела, а прашањето што сега се поставува е колку е вистинската предност на Киријакос Мицотакис пред премиерот Алексис Ципрас и неговата Сириза. Дали Мицотакис ќе победи со осум проценти разлика, како што покажуваат анкетите, или пак има скриени нешта кои може ќе доведат до поубедлива победа, или, пак, поскромен резултат за Нова демократија.
Во момнентот Нова демократија има предност од осум проценти пред Сириза, што најверојатно таквата победа на европските избори ќе го потегне чкрапалото и ќе го повлече политичкиот процес кон предвремени парламентарни избори.
Математиките велат дека во најдобар случај Мицотакис би освоил 30,6 проценти на европските избори, а Ципрас 22,6, како трета партија се наметнува КИНАЛ, со осум проценти поддршка, потоа се комунистите ККЕ – 6,7 и неофашистите Златна зора – 6.4 проценти поддршка. Ова за златнозорци е голем пад, затоа што долго време беа треторангирана партија со над 10 проценти поддршка.
Инаку, тоа што го покажуваат анкетите може да се види и на терен – на собирите на Сириза нема веќе толку многу народ како порано, а плоштадите се полупразни. „Ефимерида“ денес објави дека на вчерашниот собир во Лариса, организаторите во паника дека нема да има доволно народ, решиле да се користат со мал трик, поставувајќи ја бината во центарот на плоштадот за да се добие поуверлива визуелна слика дека народ, сепак, има. Но сликите од висина откриваат дека му паѓа популарноста на Ципрас.
Comments are closed for this post.