Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го привршува одморот, кој главно го помина на Крит, и веќе нареднава недела ја почнува својата прва турнеја во странство како премиер.
Како што објавија грчки медиуми, Мицотакис на 22 август ќе престојува во Париз каде ќе се сретне и со претседателот Емануел Макрон. Една недела подоцна, на 29 август, на покана од германската канцеларка, Ангела Меркел, Мицотакис ќе престојува во Берлин. Европската турнеја тој ќе ја продолжи во Холандија, каде во Хаг на 2-3 септември ќе биде примен од холандскиот премиер, Марк Руте.
По овие први и мошне важни посети, со нетрпение се очекува неговото обраќање на Меѓународниот саем во Солун на 8 септември, кога традиционално грчките премиери испраќаат политички пораки и до домашната, но и до меѓународната јавност.
Потоа неговите активности се префлраат на американска почва, односно на Генералното собрание на ОН.
Дали во Њујорк ќе дојде до првата негова официјална средба со претставник на македонската влада засега не се знае.
Според „Ефимерида“ во куферот на Мицотакис на средбите во европските престолнини ќе биде економската програма на владата и прашањето со намалување на надворешниот долг.
Comments are closed for this post.