Во Грција денес се објавени конечните официјални резултати од изборите за Европскиот парламент кои се спроведоа во неделата.
Според податоците на Министерствотото за внатрешни работи, Нова декократија на Мицотакис, освоила 33,11 проценти од гласовите, а СИРИЗА 23,76, што значи дека разликата билча 9,35 проценти. Во однсо на гласовите во странство, таму Нова демократија победила со повеќе од 18 проценти.
Согласно освоените гласови, НД добива 8 седишта во новиот состав на ЕП, СИРИЗА 6, КИНАЛ, ККЕ и Златна зора по две, а едно седишпте обезбеди Решение за Грција, со исллучпк на МПА 25 на Јанис Варуфалис којк не го поминал прагот со освени 2,99 проиценти од гласовите.
Катастрофални резултати имаат Потами (Река) со само 85 илјади гласови, АНЕЛ на Каменос со 45 илјади и некогаш парламентарната партија ЛАОС со 69 илјади гласови.
Македонската партија Виножито (Слободна Европска Алијанса, освои 6.412 гласови, а зад неа се наоѓаат уште пет партии кои имаат помалку гласови. На пример партијата Грчка визија има само 2 илјади гласа.
Comments are closed for this post.