Во текот на есента ќе бидат избрани известители од новиот состав на Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан, соопшти досегашниот известител за Србија Дејвид Мекалистер.

Тој соопшти дека по евроизборите надворешнополитичката комисија на Европскиот парламент доби многу членови, а заминуваат едни од најискусните, кога станува збор за државите од Западен Балкан, како што се Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн, Чарлс Танок и Иво Вајгл.

На досегашниот известител за Северна Македонија, Иво Вајгл, мандатот му завршува на 1 јули.

Ова ќе биде нова генерација европски парламентарци и се надевам дека ќе пронајдеме колеги од сите членки на ЕУ кои се заинтересирани за Западен Балкан, истакна Мекалистер.