Албанскиот претседател, Илир Мета, на Меѓународниот ден на демократијата, им се обрати на граѓаните со порака дека во темелите на демократијата е гласањето, правото на секој граѓанин да избира и да биде избран, политички плурализам.

Мета изрази загриженост поради тоа што принципите и вредностите кои се столб и срце на демократскиот свет, во неговата земја воопшто не се почитуваат.

Опишувајќи ја состојбата во која се наоѓа земјата, тој изјави дека денес Албанија е последна во регионот пред вратата на ЕУ и оти за тоа никој не одговара,туку напротив има уште поголемо продлаболување на беззаконието.

Опасната појава на паралелна држава на пропаганда и јавно приватно партнерство и подземни агенди кои ја фатија за врат Албанија, не се ништо друго освен заговор против демократијата, секоја нејзина вредност и начело, против суверенитетот на сите граѓани, кои сакаат вистинска европска и западна демократија – напиша Мета во пораката објавена на Фејсбук заедно со фотографија од декемвриските студентски движења во ’90 години.

Të dashur miq, sot është Dita Ndërkombëtare e Demokracisë.

Në themel të demokracisë qëndron vota, e drejta e çdo…

Posted by Ilir Meta on Sunday, September 15, 2019

Денес, посочува Мета, имаме заедничка историска мисија: Да ја спасиме демократијата од заложништво на едно неодговорно и нелегитимно малцинство.

Времето не чека! Ова е нашата битка! На слободните, чесни и вредни луѓе на нашата прекрасна младост! И на сите нас кои ја сакаме Албанија со нашите срца и души! И јас сум порешителен од кога било! За демократска Албанија, како цела Европа! Бидејќи за слободата, демократијата и човечкото достоинство не се преговара – порача Мета.

Шефот на државата изјави дека заштитата на демократијата денес е патриотска задача да ја врати довербата на секој граѓанин и на секоја млада личност дека најдобрата иднина е само овде и за тоа е потребно да се промени придонесот на сите.

Според него одбраната на демократијата е патриотска должност со цел да се врати вербата на секој граѓанин, секој млад човек, дека најдобрата иднина е единствено тука и оти тоа бара продонес од секого без ислучок.

Заминувањето од земјата не е решение, туку будењето и промената! Заминувањето ги интересира оние што сакаат да ја испразнат Албанија од Албанците, така што тие со време планираа бавно убивање на демократијата и владеењето на правото. Да ја вратиме Албанија на Албанците и единствено ним!Или сега или никогаш! Затоа што нашата младина надвор може да најде се што и недостасува денес тука, но тие никогаш нема да најдат татковина – стои во пораката на Мета.