Припадници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Полициската управа во Врање, по наредба на Вишиот суд во Врање, извршиле претрес во просториите  на албанските гробишта во Бујановац и пронашле митралез во ковчегот.

На претресот присуствуваа и претставници на Исламската верска заедница во Бујановац. По наредба на Основното јавно обвинителство Врање, Одделение Бујановац, автоматот ќе биде испратен на вештачење.