Маж од Солун синоќа бил нападнат и претепан пред неговата сопруга и синот во Атина додека шетале во реонот на плоштадот „Егзархија“, соопштуваат грчките медиуми.

Според изјавите на нападнатото лице пред полицијата, до нив се доближиле млади и почнале да го навредуваат заради маица со амблем Македонија. Според некои медиуми, маицата била со натпис „Македонски борци“, но не се прецизира дали амблемот или натписот имале врска со Северна Македонија, грчка Македонија или со античката област и држава.

При нападот, младите му ја скинале маицата на мажот и му нанеле удари. Тој почнал да вика за помош, но никој не се одзвал. Потоа напаѓачите избегале во блиските улици.