Во Словенија денес започнува масовна вакцинација против коронавирусот на граѓани на возраст од 18 до 50 години, најави словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Тој изјави дека масовната вакцинација е овозможена со поголеми количини испорачани вакцини и воведување на централизирана платформа за регистрација и евиденција на вакцинирани. Јанша на „Твитер“ напиша дека во мај ќе има на располагање повеќе од 450.000 вакцини, а потоа и поголеми количини.

Во Словенија досега повеќе од 20 проценти од вкупното население примиле една доза на вакцина.