Се поголемата поддршка што ја добива Косово во САД се должи на силното лоби. Како што пишуваат српските медиуми, еден од најголемите лобисти е Марк Џомај, Албанец роден во Бронкс.

Овој 51 годишен бизнисмен важи за најмоќен Албанец во САД и во својата канцеларија покрај американското ги има албанското и косовското знаме.

Џонај им помага на многу албански фамилии во САД, а отворено се залагаше и за пуштање од притвор на премиерот на Косово Рамуш Харадинај кога беше уапсен во Франција по потерница од Србија