Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети галеријата Матица Српска во Нови Сад, и ги запозна највредните дела.
„Она што му го привлече вниманието е Ѓура Јакшиќ и познатата слика Црногорското востание. Потоа застана до Урош Предиќ и до сликата Свети Никола кој ги спасува бродоломците поради фантастичната порака што ја испрати со таа слика“, изјави директорот на Матица Српска.
Макрон најмногу се интересирал за зографското сликарство – иконата Благовештение како најстаро дело во збирката на Матица Српска, која е автентична и посебна.
Comments are closed for this post.