Извршителот на Земунскиот клан, Сретко Калиниќ, во својата книга призна дека го убил нарачателот на убиствогто на Аркан, Зоран Ускоковиќ-Сколе.

– Долго го следевме Сколе. Кога се врати од пат, возеше  американски џип. Единствен начин да се ликвидира беше со зоља, кога стои на семафор или кога оди 20 на час. Еден ден Ускоковиќ го смени автомобилот, Возеше обично Ауди А4. Веднаш влеговме во нашиот ловец – „Ауди 200“.  Многу брзо стигнавме од гаражата во Нов Белград до Видиковац. Сколе беше во трговскиот центар во Видиковац со обезбедување. Кога излезе, се сретнавме на првата раскрсница.

Ликвидацијата оделеа според планот.

Веднаш го убив членот на обезбедувањето , а Сколе го ранив. Возачот на Сколе тргна веднаш, но ние бевме свртени на спротивната страна, кон Баново брдо, а Сколе беше свртен кон Ибарска магистрала. . На еден свиок испукав неколку парчиња кон Сколе Гласините велат дека сме го бркале Сколе 15 минути, но тоа не е точно. Тоа траеше најмногу минута и пол – се присети Сретко.