Српската полиција упадна во куќите на Веља невоља и на неговиот другар Месарот откако беа приведени нивните сопруги.
Куќата на Марко Миљковиќ-Meсар на улицата Чачанска во Звездара, каде вчера беше уапсена неговата сопруга  била е луксузно опремена со скап мебел и бела техника, но и со скап видео надзор. Сепак, иконата на ѕидот ги привлекло сите погледи.

-Не би било чудно Миљковиќ, наречен Месар, да не ужива во масакрот и тортурата на жртвите. Во неговиот автомобил бил пронајден  крст. Низ отворената капија вчера се гледаше дека во дворот има голема кутија за кучиња, а во гаражата голем број различни автомобили и велосипеди за деца – пишува „курир.рс“