Утрово, околу 06:00 часот, бројни полициски сили од единицата ЕУЛЕКС се упатиле кон куќата на Јакуп Красниќи во Приштина. Веста ја потврди портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.

Косовската полиција, според потребата, процените и барањето на ЕУЛЕКС, им помага во одржување на јавниот ред, мир и безбедност, како и непречено одвивање на сообраќајот“, рече Келани.

Од канцеларијата на специјализираниот обвинител исто така потврдија дека се вршат рации во главниот град на Косово.

Специјализираното обвинителство (СО) во моментов спроведува операции во Приштина. Операциите на СО се спроведуваат со поддршка на косовската полиција и мисијата за владеење на правото на Европската унија на Косово (ЕУЛЕКС). Повеќе информации ќе бидат дадени подоцна“, се вели во соопштението.

Јакуп Красниќи е една од главните личности на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Тој за време на војната имаше високи позиции како портпарол на ОВК. Красниќи беше и претседател на Собранието на Косово, а беше и министер на Министерството за јавни услуги.

Во моментов е претседател на Националниот совет на Социјалдемократската иницијатива.