Хашкото обвинителство поднесе обвинение против актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи. Тој е контроверзна фигура уште од крајот на деведесеттите години кога дотурка до врвот на паравоената УЧК.
Косовските медиуми неодамна објавија фотографија од претседателот Хашим кога имал само 16 години со оружје во рацете. Снимена е во неговиот дома во Буроја на средината на деведесеттите. На ѕидовите пак висат слики Скендербег, Шота Галица,Исмаил Кемали, Иса Болерина како и албанското знаме.
Како што објавува пак српски „Курир“, имало и секс скандал помеѓу Кадри Вејсели и претседателот Хашим Тачи, поточно неговата сопруга.Таа наводно била во врска со Вејсели, кој пак е главен противник на нејзиниот сопруг.
Дека Љумнила „шарала“ Тачи информациите ги добил од тајните служни кои веднаш го информирале. За Љумнила и претходно се зборувало дека го изневерува Хашим со британски офицер од редовите на КФОР.Но и Тачи не и останал покус па влетал во врска со косовската амбасадорка во САД.
Тачи неодамна изјави дека секогаш бил против размена на територии но ќе се залагал Прешево да припадне на Косово.Тој вели дека поддржува корекција на историската неправда на Албанците во Прешево, Медвеѓа и Бујановац и оти работи на тоа тој дел да се припои кон Косово.
Comments are closed for this post.