Режисерот Емир Костурица соопшти дека прифатил, со помош на Министерството за култура на Србија, да сними филм за логорот Јасеновац.

Кога ќе го снима филмот и кога ќе дојде време за тоа, ќе побара, како што кажа, поддршка од Република Српска и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додиќ.

Секако, под услов филмот да застане на нозе. Тој сега е во мислите, тоа е можеби и најубавата фаза. Кога ќе биде во фаза на конструкција, тогаш ќе дојде идејата нашиот добар другар (Додиќ) да ни помогне“, изјавил Костурица за време на конференција по тој повод.

Кога станува збор за снимање на автентични локации како што е Долна Градина, која била дел од логорот Јасеновац, Костурица изјавил дека проблем е тоа што е најскапо, а тоа е изградба на логорот бидејќи нема траги од истиот.

Тоа било совршено злосторство кое, еве, после 60 и повеќе, дури 70 години, добива свој нов живот, рекол Костурица“, пренесува Танјуг.

Костурица, кој соопшти дека прифатил со помош на Министерството за култура на Србија да сними филм за логорот во Јасеновац, вели дека ќе биде снимен на автентична локација, но малку подалеку од Градина.

Логорот Јасеновац е формиран во август 1941 година, а затворен во април 1945 година. Бројот на жртвите никогаш не е точно утврден. Државната комисија на Хрватска констатирала во извештајот на Меѓународниот воен суд во Нирнберг, дека бројот на жртвите е помеѓу 500.000 и 600.000.

За ѕверствата постои голема документација. Меѓутоа властите во бившата СФРЈ никогаш не дозволиле истата да се истражи, па дури ни во најтајните форми. Жртвите на логорот биле скоро исклучиво Срби, Евреи и Роми, а и значителен број на Македонци.