Косовскиот премиер Рамуш Харадинај со жалење ја информираше јавноста дека починал еден од лидерите на УЧК и негов поранешен соборец Авни Хисени.

Хисени умре како последица од мозочен удар а на неговиот погреб присустуваше државниот врв на Косово.

Тој беше обвинет од страна на Србија дека силувал жени за време на војната и дека палел српски села но против него никогаш не беше подигнато обвинение.