Предлог платформата за продолжување на дијалогот со Белград кој го усвои Приштина, а кој денеска ќе биде доставен до парламентот, предвидува, помеѓу останатото, едногласно признавање на косовската независност.

Платформата предвидува и укинување на Резолуцијата 1244 и формирање суд за злосторствата кои во текот на последните немири на косовската територија ги предизвикале Срби.

Според пишувањето на весникот „Зери“, кој имале увид во овој документ, платформата предвидува и секој договор која на Приштина ќе и се понуди на потпишување да биде во склоп со косовскиот устав.

Платформата не се занимава со барањата на Белград, САД и ЕУ за укинување на стопроценти зголемените такси на производите од Србија и БиХ, што е услов дијалогот да биде продолжен.

Платформата која ја подготви делегација од Приштина „нанесува удар на идејата за рамена на територии“, пишува порталот Телеграфи.