Привремениот романски министер за здравство Чеке Атила изјави дека во моментов не се гледа крајот на пандемијата на Ковид-19 во таа земја и дека постои можност стапката на зараза да достигне 20.000 случаи на ден.
– Не е на повидок крајот на пандемијата, ниту прогноза. Слушаме секакви прогнози и мислења. Се разбира, тие се важни, но некои се реализираат, додека други не се, како што се случи со другите бранови, истакна романскиот министер за здравство.
Тој, исто така, изјави дека Романија се уште не е на врвот на пандемијата. – Постои можност да се достигне бројката до 20.000 случаи дневно. Ова е можност што, за жал, не може да се исклучи, изјави министерот за приватната романска телевизија Б1ТВ.
Старо-ново корона жариште е и Србија каде се воведуваат ковид пропусници за влез во многу објекти.
Comments are closed for this post.