Повеќе државници му честитаа телефонски на новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис. Вчера попладне тој телефонски разговарал со американскиот претседател Мајк Пенс. Тој му честитал на изборната победа, а потоа разговарале 20 инути. Грчките медиуми пренесуваат дека „разговорите биле содржински“.

Интересно, но во вторникот вечерта телефонот на Мицотакис заѕвонил, а од друга страна бил претседателот на САД, Доналд Трамп. Мицотакис му рекол на Трамп дека „приоритет на новата грчка влада ќе биде борба со бирократијата и поттикнување на инвестициите“.

На тоа американскиот претседател одговорил дека тие цели ги имал и тој кога влегол во Белата куќа. Двајцата соговорници се согласиле дека одличните билатерални односи треба да продолжат да се продлабочуваат.

Вчера изутрината на Мицотакис му се јави и германската канцеларка Ангела Меркел, која го покани да дојде во посета на Берлин во втората половина на август. Разговорот се одвивал „во топла клима“.

Инаку, меѓу првите кои му се јави и му честиташе на победата на Мицотакис беше македонскиот премиер Зоран Заев.