Светските безбедносни служби во соработка со српската полиција дошле до преписка од шифрираната апликација „Аном“ од која дознале дека членови на кавачкиот криминален клан подготвуваат одмазда против државни функционери и одредени лица.

Пораките од тајниот комуникациски софтвер ги пронашле и анализирале речиси сите светски служби: Европол, Интерпол, ДЕА, ФБИ…

Во комуникацијата на членовите на кавачкиот клан кои ги планирале атентатите се издвоиле неколку имиња. Меѓу нив, како што наведуваат, се најпознатите имиња на тројца криминалци, кои наводно се блиски со Вељко Беливук.

Од прислушуваната комуникација се дознало дека  сериозно работат на убивање на сите кои ги истражуваат нивните злосторства, како и на оние кои ги уапсиле нивните соработници, меѓу кои и Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и 28 нивни соработници.