Водачот на Кавачкиот клан е обезбедуван од озогласениот клан Меделин. Основач на Меделин е Пабло Ескобар кој по смртта во 1993 година остави разработена мрежа.

Курир.рс пишува дека Радоје Звицер се крие во Колумбија и поседува неколку лажни пасоши меѓу кои и македонскиот.

Во криењето му помагат јатаците на Ескобар.Картелот Меделин е моќен и високо организиран колумбиски нарко картел со потекло од градот Меделин, Колумбија, основана и предводена од Пабло Ескобар.Иако организацијата започнала како шверцерска мрежа во раните 1970-ти, организацијата се свртела кон трговија со кокаин дури во 1976 година.

Во екот на своето работење, Меделинскиот картел криумчарел повеќе тони кокаин секоја недела во земјите низ светот и донесувал до 60 милиони долари дневно профит од дрога.