Марко Миљковиќ, познат како касапот или месарот, кому му се суди за најбруталните криминални убиства во Србија, е покриен со тетоважи, од кои секоја има своја очигледно шизофрена симболика. Сепак, највпечатливо е што целата негова лева рака е посветена на православието. Месаротна левата рака го има најголемото српско светилиште, Острошкиот манастир.

Месар има уште една тетоважа на левата рака која привлече големо внимание кај јавноста. Станува збор за „окото што гледа сѐ“, кое според симболиката не може да пропушти ништо, дури ни на сон, а меѓу бројните толкувања најмногу се издвојува она што го поврзува тоа око со сатаната. Овој симбол е најчест меѓу масоните, кои тврдат дека го претставува ѓаволот.