Луксузната јахта на Виктор Медвешчук е запленета во Хрватска. Станува збор за пловило кое се наоѓа на листата на 100 најбогати јахти во светот на сите времиња.

„Royal Romance“, која моментално е закотвена во пристаништето во Риека  изградена во холандското бродоградилиште „Friendship“ во 2015 година. Бродот е придвижуван од два дизел мотори од 3.000 коњски сили, развива максимална брзина од 15 јазли, а неговиот нацрт е 3,85 m.

Луксузните погодности вклучуваат палуби од тиково дрво, теретана, лифтови кои поврзуваат вкупно пет палуби и 12-метарски базен со водопад на горната палуба.