Опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) денеска го осуди „упадот на извршителите и полицијата во ТВ Наша“, оценувајќи дека тоа е „уште еден доказ за двојните стандарди на власта кога се медиумите во прашање и фактот дека власта ќе направи сè додека не ги замолчи сите слободни медиуми или додека не ги стави под своја контрола“.
СзС во соопштението оцени дека ТВ Наша е „една од ретките телевизии што има храброст да одвои време за различно мислење и на опозицијата за спротивставување на режимот на Александар Вучиќ“.
-Потсетуваме на фактот дека на сатанизацијата на политичките противници, цртањето мета на Оливер Ивановиќ и постојаната кампања што се спроведува на ТВ Пинк, им претходеше простувањето на еден од најголемите даночни долгови во Србија, на розовата (ТВ Пинк) телевизија, се вели во соопштението.
Реагираа и од Двери, наведувајќи дека ова е веќе третпат ТВ Наша да биде „изложена на отворени притисоци“.
Потпретседателот на Двери, Југослав Кипријановиќ, оцени дека „оваа власт така ја замислува слободата на медиумите – кога на некоја телевизија гостуваат претставници на опозицијата, тогаш им се испраќаат извршители и полиција на врата“
Comments are closed for this post.