Куќата во која  е роден Урош Блажиќ,  од Младеновац, кој уби девет лица, а рани 14, изгоре во пожар. Од куќата останаа само ѕидовите откако избувнал пожар на покривот и куќата е речиси целосно изгорена.

Сè што можеше да изгори е изгорено, од мебел, други работи до бела техника. Внатрешноста на куќата изгледа страшно и се утврдува дали пожарот е подметнат како револт на роднини на убиените.