По 18 години во саботата во замрзнувач во семејна куќа во Паловец, Хрватска, било пронајдено мртвото тело на исчезната Јасмина Доминиќ.

Студентката Доминиќ (23) исчезнала во 2000. година, и оттогаш и се губи секаква трага, објави денес „Јутарњи лист“. Ненадејниот расплет на мистеријата се случил во саботата откако на полицијата и било јавено дека е пронајден леш. Во саботата вечерта, под сомнение дека сторила убиство, е приведена нејзината сестра Смилјана.

Полицискиот шеф на управата во Меѓумурје, Иван Сокач на прес конференција рече дека во 12 часот полицијата примила дојава дека во куќа во Паловец е пронајден леш на непознато лице.

Лешот е испратен на обдукција во Чаковец. Постои сомневање дека пронајдене телото на девојка родена во 1977 година, која службено е пријавена за исчезната во 2005 година. Се сомневаме во убиство“, изјави Сокач.

Според податоците со кои располагаат истражните органи, постојат основани сомневања дека приведената 45-годишна жена во 2000 или во 2001 година ја убила својата сестра и нејзиното мртво тело го сокрила во сандакот за замрзнување во ходник во приземјето на семејната куќа.

Интересно сведоштво за „Јутарњи“ узнесе еден сосед, кој вели дека неговата ќерка била родена во ист ден со убиената. Тој раскажува дека нејзиниот татко велел оти неговата ќерка Јасмина е на студии во Загреб, дека работи на крузер, а дури потоа, по 4 години рекле дека мораат да објават во полицијата дека ќерката е исчезната.

Меѓумурската мистерија почна да се одмотува на грозоморен начин.