Српско семејство засекогаш ќе го памети годишниот одмор во Грција. Тие како и многумина други уплатиле во Евиа уште пред пандемијата аранжман во класично студио за стотина евра. Бидејќи границата со Македонија беше затворена тие се упатиле преку Бугарија на преминот Кулата.

На грчката граница биле случајно тестирани од корона и тие го продолжиле патувањето. Поминале неколку дена и на врата им затропале грчките здравствени власти со информација дека сите се позитивни на вирусот. Шок.

Но, согласно процедурите веднаш го напуштиле студиото и морале да бидат преместени на друга локација. Но, тогаш шокот бил уште поголем. Ги сместиле во хотел со 5 ѕвездички кои ги нуделе сите услови за луксузно летување. Единствено што морале морето да го гледаат од прозор и од далеку на што со задоволство прифатиле додека не се вратиле во Србија.