Протестите во Србија го вратија сеќавањето на тоа што се случуваше во Македонија во 2016 година. „Пресинг ТВ“ направи анализа на настаните тогаш и сега  и впечатокот е дека сценариото е исто само актерите се различни. Целта секако е заедничка, а тоа е рушење на власта која ја има поддршката на народот и која не игра по нотите на западните сили.

Во Македонија тоа се постигна со формирање на преодна, односно т.н пржинска влада надополнета со формирање на Специјално јавно обвинителство, а притисокот од улица го правеше „Шарената револуција“. Дополнително, се објавуваа и нелегални аудио снимки на кои таргет беше тогашната власт.

Повод за македонските„ шарени“ да излезат на улица беше убиството на младиот Мартин Нешковски. Така настана и слоганот „Нема правда нема мир“ и секојдневните протести  и кршењето на споменици и државни институции. Демонстрантите тогаш го промовираа и логото со стегната тупаница која ја за првпат се користеше пред 20 години кога движењето „Отпор“ го рушеше Милошевиќ.

Стегнатата тупаница се појави и на протестите  во Србија со слоганот „Чале ово је за тебе“. Таму како повод беше искористена изјава на еден од учесниците на протестот кој пред камерите со солзи во очите говореше дека татко му починал од корона бидејќи не бил ставен на респиратор. Српските медиуми веднаш открија дека станува збор за обичен „преварант“, кој лажел дека власта не дала респиратор за татко му кој навистина починал од корона како и многу други.

Друг пак демонстрант изјавуваше дека излегол на улица бидејќи власта ќе ги вакцинирала граѓаните против корона, иако вакцина се уште не е измислена.

Заедничко за протестите и во Србија и во Македонија е што беа експресно поддржани од страна на Европската унија.Подоцна се покажа дека поголемата цел во Македонија било решавање на спорот за името, додека во српскиот случај крајната намера е притисок врз претседателот Александар Вучиќ за конечно решавање на косовскиот спор како последна етапа за заокружување на нерешените прашања на Балканот.