Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Кристос Спирцис денеска истакна дека Грција нема да го промени името на аеродромот „Македонија“.
Овој аеродром до 1993 година го носеше името „Микра“ по истоимената населба во која се наоѓа. По големите антимакедонски протести, тогашните грчки власти одлучија да го променат во „Македонија“.
Запрашан дали во знак на добра волја Грција би можела да го промени името на аеродромот „Македонија” во Солун тој истакна дека нема шанса тоа да се направи.
– Секако не. Нема шанса да се промени името на аеродромот во Солун-истакна Спирцис.
Comments are closed for this post.