Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се двајцата водачи на црногорскиот Шкаљарски клан кои беа ирешетани во Атина. И двајацата имаа по 43 години и досега имат прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра.

Во пресметките меѓу Шкаљарскиот и Кавачкиот клан досега се убиени над 40 припадните на двете групи.
Пребеганите најчесто се криеја во Шпанија но во последно време нивно прибежиште е Грција.
Затоа грчката јавност реагира дека нивната земја станала омилена дестинација за балканските криминалци и дилери.

Убијците имале точни податоци кое време Шкаљарците доаѓаат во ресторанот и нападот бил изведен професионално. Покрај Игор и Стеван во пукањето е ранета и сопругата на Дедовиќ.
По ова се очекуваат нови убиства и одмазди помеѓу двата клана, само локацијата е непозната.