Историчарка од Албанија направила вистински хаос за време на телевизиска емисија со ставовите дека „не постојат Грци, тие се сите Албанци“. Според историчарката, која продолжила да објаснува, и „Ципрас е Албанец“.

Грчкиот весник Ефимерида, пренесувајќи ја веста, за Елена Кокаци, пишува дека е историчар во наводници, односно квази историчарка. Сепак на панелот нејзината изјава предизвикала искричења. Презентерот само прашал. „Дали сте изненадени“?

Панелот го пренесе и грчката нацонална телевизија

На панелот се дебатирало за „Балканизација на Балканот“, а Кокаци со своите ставови предизвикала голема реакција.

„Во Грција нема грчко население. Населението во Грција, сите што се бореле, биле Арванити“, рекла таа.