„Трагедија во Северна Македонија“ е насловот што преовладува во текстовите објавени од грчките медиуми за вчерашната несреќа на автопатот Скопје – Гостивар.

Уште синоќа дел од медиумите во Грција објавија за страшната сообраќајна несреќа и првичната информација за пет загинати, а во текот на вечерта ги обновуваа и дополнуваа текстовите, како што се зголемуваше бројот на жртви.

Утрово пак, медиумите ја преземаат и пренесуваат веста под наслов „Дводневна национална жалост во Северна Македонија за 14 загинати во превртување на автобус”, објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА.

Уште еден повреден им подлегна на повредите по превртувањето на автобус во близина на Скопје, со што бројот на починати се зголеми на 14. Од околу 30 повредени што се хоспитализирани во болниците во Скопје, најмалку шест се борат за живот, пишува АНА-МПА.

Во текстот спомената е синоќешната владина седница и одлуката денеска и утре да бидат денови на жалост, а пренесена е и изјавата на премиерот Зоран Заев