Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на државата Црна Гора околу спорниот закон за слобода на вероисповест кој ја крена на нозе српската заедница во земјата.

Стразбур ја отфрли претставката на никшиќката Епархија на која и се придружи и владата на Србија за оспоррување на овој закон. Стразбур смета дека ова е неосновано и оти Црна Гора има право да одлучува што ќе прави со црковниот имот.

Се работи за закон кој има неколку спорни члена кои се однесуваат на сопственоста на верските заединици и за земјиштето на кои се изградени

Конкретно, верските заедници ќе мора докажат дека пред 1918 година биле сопственици на имотот,во спротивно ќе им биде одземена.

Верските објекти кои се изградени на територијата на Црна Гора со заеднички вложувања на граѓаните до први декември 1918 година, а за кои не постојат докази за сопственот стануваат културно богатство на државата Црна Гора-се наведува во спорниот член.

Историскиот период 1918 година е важен бидејќи Црна Гора дотогаш била кралство по што стапува во заедница со Србија.

Со законот се предвидува комисија да направи попис на сите верски објекти и доколку се утврди дека немаат имотен лист тие ќе продолжат со работа се додека државата не одлучи што ќе прават со нив