Во немирите и обидот да се пробие и освои седиштето на Демократската партија на Албанија во Тирана, поддржувачите на Сали Бериша користеа и метални полуги.
Со овие тешки полуги удираа во блиндираните врати на партиското седиште, а обидот може да се спореди со средновековните опсади на дворци кога со таканаречени „овни“ се пробивале влезните порти. Демонстрантите исто така користеа и скали за качување на катовите на партиското седиште.
Comments are closed for this post.