Емирџан Сумер е убиецот на водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ. Тој од мотоцикл го застрела на автопат во близина на Истанбул во возило во кое биле уште сопругата Маша и ќерката, објававија турските медиуми.

Емирџан испалил пет куршуми од кои четири завршиле во Вукотиќ.

Полицијата прегледала 1.700 часа снимки од безбедносните камери од над 200 локации, почнувајќи од местото каде што беше убиен Вукотиќ. Утврдено е дека Вукотиќ го следел мотор, но и друг автомобил. Со анализа на регистарски таблички е откриено дека мотоциклот го управувал извесен Јакуп Доан, а дека пукал Емирџан Сумер. Станува збор за членови на криминалната организација на Бариш Бојун, по кои е распишана црвена потерница. Тој годинава беше уапсен во Грузија. Меѓутоа, судот во таа земја подоцна го ослободи. Потоа се преселил во Италија, каде во август годинава повторно бил уапсен во градот Римини на брегот на Јадранското Море. Бојун е познат по бројни вооружени напади, уништување имот и грабежи – дознаваат турските медиуми.

Под возилото во кое е убиен Вукотиќ, кое било изнајмено во Измир, бил поставен ГПС уред, со кој бил следен.

Сево ова го договрил братучедот на Радоје Звицер кој се вика и кој на турците им платил 1.5 милиони евра.Турската полиција реагираше и веднаш се уапсени Живковиќ и Сумер.