За Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, водачот на криминалниот клан кој моментално е во притвор поради сомнение дека наредил и извршил шест брутални ликвидации, Шкаљарскиот клан од Црна Гора бил подготвен да платат 700.000 евра.

Неговата ликвидација, како што откри соработник сведок од Црна Гора, била приоритет на Шкаљарците и затоа не штеделе пари.

Егзекуциите на криминалците и најважните луѓе во подземјето на Србија и Црна Гора честопати се планирани од нивните ривали со години, а колку човек е поопасен и позаштитен, толку е поголема цената на неговата глава.