Бугарската министерка за надворешни работи со апсурдно тврдење дека не може во ЕУ да се слави Тито. Чудо е што Словенија и Хрватска влегоа во ЕУ, коментира аналитичарот и експерт за југоисточна Европа – Флоријан Бибер, по изјавата на Захариева дека „не може Македонија да сака во ЕУ, а да го слави диктаторот Тито“.

Бибер, кој е професор по историја и политика за Југоисточна Европа на катедрата „Жан Моне“
за Европеизација на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, неодамна пишуваше за
„бугарското силеџиство“ врз Македонија и жестоко ги критикуваше бугарските барања под
закана со вето. Во Твитот за изјавата на Захариева, тој саркастично додава

Мора да сум ги пропуштил сите македонски прослави на Тито.