На социјалните мрежи се појави досега невидена фотографија од Јосип Броз на млади години.Тогаш се уште не беше Тито туку само истакнат член на Комунистичката партија.Сликата датира од 1928 година кога тој има 36 години и бил осуден на осум години затвор поради комунистичка идеологија и чување оружје.

Тој на судењето велел дека не го признава кралскиот суд туку само судот на својата партија.
Затворката казна Броз ја издржувал во Марибор и Загреб по што продолжил со своето комунистичко делување.