Турција ќе го искорени присуството на „предавничката“ терористичка организација на Фетулах Ѓулен (ФЕТО) од Балканот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој во видео пораката, која ја испрати по повод церемонијата на свеченото отворање на Генералниот конзулат на Турција во градот Нови Пазар во регионот Санџак, во југозападниот дел на Србија, му се заблагодари на српскиот колега Александар Вучиќ за поддршката кон Турција во борбата против терористичката група.

ФЕТО и нејзиниот лидер, кој живее во САД, Фетулах Ѓулен се обвинети за организирање на неуспешниот државен удар во јули 2016 година во Турција, при што загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 луѓе. Анкара го обвинува ФЕТО дека е одговорен за долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството