Статусот на Света Софија во Истанбул, како музеј кој е на листата на Светското културно наследство, може да се пренамени само со одобрение на УНЕСКО, наведуваат неименувани извори од организацијата, пренесува весникот Катимерини.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот предложи музејот Аја Софија, изворно византиска христијанска црква, повторно да се претвори во џамија. Сличен предлог даде и при телевизиско интервју во неделата, што предизвика низа реакции посебно во Грција.
Првично изградена во шестиот век, Света Софија била главното седиште на грчката православна црква. По османлиските освојувања на Цариград во 1453 година, пренаменета е во џамија.
Аја Софија е пренаменета во музеј откако е формирана модерната секуларна турска држава во 1923 година.
Comments are closed for this post.