Пет луѓе се повредени при експлозија на гас во станбен блок во словенечкиот град Марибор.

По експлозиата што се случила во една петкатница избил и пожар, што бил изгаснат по брзата интервенција на пожарникарите.

При несреќата биле уништени најмалку 15 станови, но стабилноста или конструкцијата на зградата не се загорзени, јавуваат словенечките медиуми.

Станарите биле евакуирани, по што се преземаат активности за детален преглед на зградата и на станот во кој се случила експлозијата.