Албанскиот премиер, Еди Рама, денес од Собранието на Социјалистичката партија, ги објави имињата на новите министри. Откако кажа дека е „иритиран“ од некои членови на СП, кои ја злоупотребиле позицијата, премиерот објави дека решил да отпушти министри од неговиот кабинет кои на позиција биле повеќе од 5 години.

Министерката за образование спорт и млади, Линдита Никола е заменета со Беса Шанини, министерот за европски прашања Дитмир Бушати е исто така сменет и на негово место е назначен Генци Цекај, Арбен Ахметај, министерот за економија е заменет со Анила Денај, а разрешени се и министрите за земјоделство, за култура и за инфраструктура и енергетика.