Се појави досега невидена фотографија од апсењето на сега убиениот водач на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ. Настаната е во летото а во 2018 година по неговото апсење во Турција и е поврзана со Македонија.
На оваа фотографија е Вукотиќ ведаш по апсењето со македонски пасош, пишува „Курир.рс“.
На фотографија се гледа Јован Вукотиќ како ги држи рацете зад грб, каде најверојатно е врзан со лисици. Седи на стол во опуштена комбинација на облека – шорцеви, маица со кратки ракави и папучи.
Оваа фотографија била направена од турската полициј кога Вукотиќ е уапсен во таа земја поради фалсификување документи.
-Таа година Вукотиќ нашол „прибежиште и безбедно засолниште“ во Анталија, каде во моментот на апсењето бил во друштво на манекенката Дејана Живковиќ, со која тогаш бил во емотивна врска – дознава „Курир.рс и додава дека Вукотиќ имал со себе лажни документи во моментот на апсењето, т.е. македонски пасош со име Георги Андонов.
– Јован бил уапсен кога со Дејана отишле во продавница. Веднаш штом излегле од скапиот автомобил, им пришле турски полицајци и го уапсиле водачот по потерница од Грција која распишала потерница од Интерпол поради сомнение дека го организирал шверцот на 135 килограми кокаин. Кај него е пронајден и фалсификуван македонски пасош-дознава „Курир.рс“
Вукотиќ потоа беше депортиран од Турција во Србија, а во Вториот основен суд во Белград се бранеше дека не е шеф на ниту еден клан но беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова слика.
Comments are closed for this post.