Додека власта на СДСМ брзаше да исполни предвреме обврски од Договорот од Преспа, Грција уште позасилено ја форсира антиквизацијата.

Па така, пред неколку денови грчкиот премиер Мицотакис ја отвори Палатата на Филип Втори.Се наоѓа во Вергина, во местото каде што бил крунисан за крал Александар Македонски.

-Филип и Александар, на свој начин биле одлични реформатори. Првиот, суштински еволуирајќи архаично општество во општество со поурбани карактеристики, со заеднички, унифицирани институции. А вториот, создавајќи градови, интегрирајќи големи и разновидни популации во империја со невиден обем, изјави Мицотакис.

Овој споменик кој датира од четрвиот век п.н.е., во Грција го нарекуваат „Партенон на Македонија“. Се простира на површина од околу 15.000 квадратни метри.

За да и удоволи на Грција, сегашната власт смени имиња на институции кои го носеа префиксот „македонски“, а најголемо понижување како народ го доживеавме кога се брусеа шахти на кои беше насликано сонцето од Кутлеш.