Денеска сме тенковска велесила, имаме огромен број тенкови. Но, проблемот е што немаме доволно луѓе. Југот на Србија не може да ја брани целата земја. Војводина и Белград, таму имаме катастрофален проблем, вели претседателот Александар Вучиќ опишувајќи ја српската војска.

Тој е многу директен и објаснува дека „Без војска сте никој и ништо.Ќе нѐ згазат како мува и бубашваба.“

Бегајте од тие кои ви даваат и подаруваат.Или ќе имаме армија или нема да ја имаме.Ако ја немаме заборавете на суверенитет и независност. Ако сакате во НАТО нема проблем.Има некои што немаат војска а се во НАТО, а немаат ни гас.Многу им е гајле.Некоја друга земја ќе им го чува небото.Јас додека сум претседател тоа нема да го одобрам и ќе бидам за тоа сами да го чуваме небото