Зошто деловникот на парламентот не дозволува предлози, го навредува ли БСП ГЕРБ со репликата „фашистички традиции“, го крие ли ГЕРБ премиерот Бојко Борисов од пратениците и се зборува ли на „ма“ – за овие и други прашања спореа пратениците речиси 40 минути утрово, во последниот работен месец на 44-тиот пратенички состав, пишува софиски „Дневник“.

Спорот започна по декларацијата на ГЕРБ во која власта објави дека кога лидерката на БСП, Корнелија Нинова, дели морални лекции од парламентарната говорница, никој не и верува. Причини-грешката на социјалистите и цената, што требало да ја платат и на овие избори. Во декларацијата се даваат два примера: првиот-БСП не се оградила од својот спонзор Илија Стоилов, кој е уапсен во Чешка и осуден за организирање криминална група, но и брат на пратеникот Георги Стоилов, кој „одби да го напушти парламентот“; и вториот-во Варна социјалистите за член на изборна комисија го предлагале синот на „олигархот кој ја ограби бугарската економика и кој денес е во затвор“ Николај Банев. „Ништо ново не сте научиле и ништо старо не сте заборавиле“, заклучи пратеникот од ГЕРБ, Маноил Манев.

Заменик-претседателот на парлементот од редовите на БСП, Кристијан Вигенин, реплицираше дека од парламентарната говорница се даваат предлози според „фашистичките традиции“-одговорноста не е персонална, а бараме одговорност од роднините.

Откако му го исклучи микрофонот, претседателката на парламентот, Цвета Карајанчева, од ГЕРБ изјави:„Според кој член се забрануваат предлозите во парламентот“? Потоа пратеникот од ГЕРБ, Вержди Рашидов, изјави дека не е фашист и дека се чувствува лесно засегнат од репликата. Тој праша каква е разликата меѓу германскиот концентрационен логор Аушвиц (каде се убиени илјадници Евреи-б.а.) и логорот Белане (каде за време на комунизмот се затвараа политичките противници-б.а.). „Вашето комунистичко однесување подобро ли е“, запраша Рашидов.

*    *   *

И додека нас не караат само за споменување на бугарскиот фашизам, кој според официјална Софија никогаш не постоел, што нели треба да се отслика и во македонските учебници и на спомен-обележјата од Втората светска војна, очигледно и денешната бугарска политичка елита има проблеми во претставувањето на „историската вистина“ или „погрешното толкување на историјата“. Зашто, дебатата во парламентот во Софија само го потврдува постоењето на „бугарскиот фашизам“ и уште повеќе, постоењето на „фашистичките традиции“ и до ден денес.