Панос Каменос, лидерот на Независни Грци (АНЕЛ) и екс-министер за одбрана, човекот кој ги предизвика политичките турбуленции вчера додека во парламентот се видеше жестока дебата за доверба на владата, поточно додека зборувал премиерот Акесис Ципорас – тој уживал во ручекот. Грчки новинари го фатиле како крка риба во една таверна.
Ефимерида, објавувајќи ја веста, пишува дека Каменос решил да апстинира од дебатата, а друштво му правел Теодорос Тусунидис и неговата сопруга Елена Жули.
Инаку, во дебатата во која политичките противници не се штедат и се вадат сите валкани алишта, а главна тема е Преспанскиот договор, Нова демократија обвини за „парламентарен државен удар“ аргументирајќи дека владејачката Сириза која нема мнозинство настојува пленарното гласање да го претвори во мнозинство во сите собраниски комисии. За НД ова е нешто без преседан во парламентарната историја на земјата и манипулација и на правдата.
Ципрас сака да има контрола врз сите собраниски комисии – обвини Нова демократија.
Со овој проблем се соочи и македонското Собрание. Упростено кажано Нова демократија го оспорува начинот на кој Ципрас кој има 145 пратеници, сака да дојде до бројката од 151 пратеник со што ќе добие просто мнозинство потребно да му биде изгласана доверба за владата, а тоа би значело и усвојување на Спогодбата за името со Македонија. Според грчкиот устав, како што објаснува Ефимирида, соодносот на партиите во парламентарните комисии мора да кореспондира точно според силата на партиите на пленарките, каде што Сириза нема мнозинство.
Владата конечно треба да го разбере тоа што му е јасно на секој студент по право – парламентот ја контролира Владата, а не обратно – порачаа од Нова демократија.
Comments are closed for this post.