Српската полиција во Нови Пазар уапсила вахабист кој се подготвувал за изведување терористички напад на територијата на Србија, објави белградскиот весник „Блиц“.

Според изданието, станува збор за припадник на вахабистичкото движење „Дава тим центар“, кој претходните години на локација во близина на манастирот Ѓурѓеви ступови кај Нови Пазар, тренирал боречи вештини, изведувал тактичка воена обука и увежбувал преживување во неповолни услови.

При апсењето, кај него е пронајден ранец во кој носел воздушна пушка со оптички нишан и муниција за неа, како и нож и УСБ меморија.

Полицијата извршила и претрес на неговата семјена куќа во Нови Пазар, во чие поткровје пронашла импровизирана хемиска лабораторија со поголемо количество хемиски супстанци и делови што можат да се користат за производство на импровизирани експлозивни направи, како и прирачник за нивна изработка, бележник во кој било наведено кој град во Србија колку е оддалечен од Нови Пазар и знаме на џихадистичката група Исламска држава (ИД).